среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Охрид SOS: Ја повикуваме Владата да ги спроведат задолженијата кои произлегуваат од двете точки а кои се однесуваат на санација на нелегалниот насип во Охридското Езеро

На Педесет и четвртата седница на Влада на Република Северна Македонија, одржана на 16 март 2021 година, под Точка 74 во Записникот е наведено следното:
Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за влијанието на нелегално насипување на земја и шут на брегот на Охридското Езеро во населба Далјан и за потребата од итно враќање на крајбрежјето во првобитна состојба и ја усвои со следните заклучоци:
1. Се задолжува Министерство за транспорт и врски/Ministry of Transport and Communications да организира санација на крајбрежјето и негово враќање во првобитна состојба.
2. Се задолжува Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH по отстранувањето на земјата и шутот да изврши проценка на состојбата на крајбрежното живеалиште и Охридско Езеро, односно на резултатите од санацијата и враќањето на крајбрежјето во првобитна состојба, се вели во објавата на ФБ од Охрид SOS.

Во истата тие додаваат:

За жал, до денес, 25 декември 2022 година, ништо од ова не е реализирано. Ги повикуваме претседателот на Владата, Dimitar Kovacevski, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, министерот за транспорт и врски Blagoj Bochvarski и министерот за животна средина и просторно планирање Naser Nuredini најитно да ги спроведат задолженијата кои произлегуваат од двете точки а кои се однесуваат на санација на нелегалниот насип во Охридското Езеро.
На прес-конференцијата одржана пред два дена, министерката за култура изјави дека „работиме активно и интензивно и сите сме на истата страна дека статусот на Охридскиот Регион треба да остане заштитен и сите посветено ќе работиме да ги следиме законите и да ги отстраниме сите неправилности кои се јавуваат во овој вакуум период“. Еве конкретен пример, една од тие неправилности кои чека да биде отстранета. Да видиме дали посветеноста и заложбите се реални или е само на зборови.

Извор: ohrid SOS