АктуелноОхрид

Кривична пријава за шпански државјанин кој привремено живеел во Охрид – фалсификувал пресметките за плата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26.02.2021 до 21.07.2021, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и истите ги заверил со сопствен потпис.

извор: СВР Охрид