АктуелноОхрид

Пецаков: Започна циклусот “Недела на шпански филмови 2022“ – Манифестацијата е резултат на културната соработка помеѓу амбасадата и локалната самоуправа

Синоќа во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, започна циклусот “Недела на шпански филмови 2022“, во организација на Шпанската амбасада и Општина Охрид. Манифестацијата е резултат на културната соработка помеѓу амбасадата и локалната самоуправа. Претходно беше отворена изложбата “Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски, посветена на 140 годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавтаа градоначалникот додава:

Повеќемесечните разговори и заложби за културна соработка и презентација на шпанската култура во Охрид вродија со плод и во наредните денови, ќе имаме можност поблиску да се запознаеме со шпанската кинематографија, а преку изложбата на Филип Фиданоски ќе одбележиме 140 години од раѓањето на шпанскиот и светски великан Пабло Пикасо.
Верувам дека публиката ќе ужива во понудените филмови и уметноста на Фиданоски, што е добар вовед за празничната атмосфера пред Новогодишните и верски празници што ни престојат.
Убеден сум дека ова е почеток на една искрена, пријателска и плодна соработка со шпанската амбасада и пријателска Шпанија, која ќе можеме да ја прошириме и во други области.

Извор: ФБ Кирил Пецаков