среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Честитка од градоначалникот Пецаков до припадниците на турската заедница по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик

Честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември од градоначалникот Кирил Пецаков. Во честитката се вели:

Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме јазичните и културни одбележја на различните народи со кои живееме во нашата заедничка татковина, Македонија.

Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет. Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности, придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите нас .Ова е влог и во односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател на нашиов град и држава.

извор: ФБ Кирил Пецаков