АктуелноОхрид

ЈП ,,БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” ја демантира „Левица“: Не сме реализирале ниту едно ново вработување во последните неколку месеци, наводите кои партијата ги изнесува се целосно неточни!

ЈП ,,БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” ги демантира информациите на политичката партија Левица Охрид и ја известува јавноста дека во претпријатието не е реализирано ниту едно ново вработување во последните неколку месеци и дека наводите кои партијата ги изнесува во прашална форма во јавноста се целосно неточни, измислени или се дел од манипулации кои одредени лица ги вршат со самата партија последните неколку месеци.

Партијата Левица за жал наместо да е зрела политичка опција, се претвори во партија на правење циркузи и ширење лажни вести.

Јавно прашуваме:
Зошто Левица не го употреби правото кое го има и не испрати прашања до ЈП ,,БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” дали има нови вработувања, туку тоа прво го пласира во јавноста како информација, за потоа да треба лагата да биде демантирана?

Јавното претпијатие досега и во иднина секогаш ги почитувало и ќе ги почитува законските одредби во однос на постапки за вработување доколку за истите имаме потреба, притоа почитувајќи ја компетентноста, образованието како еден од главните предуслови согласно закон.

Апелираме до Левица Охрид во иднина секогаш кога ќе имаат потреба од проверување на одредени информации кои стигнале до нив или имаат сугестии, предлози во насока на нашето тековно работење да повелат кај нас каде со задоволство ќе разговараме за нашето менаџирање на претпријатието.

Партијата Левица мора да прекине да ги злоупотребува медиумите и да биде самата злоупотребена од одредени политички центри кои сами не дејствуваат туку со месеци ја хранат со лажни вести кои оваа партија за жал ги пласира во јавноста.

извор: ЈП ,,БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”