среда, ноември 27, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Според листата на „Форбс“ Охрид на листа нај потценети балкански градови

Спианието „Форбс“објави листа од 5 нај потценети балкански градови а меѓу нив се најде и Охрид. „Форбс„ за овој град пишува дека е богат со природно и културно наследство и е одлична дестинација за оние кои сакаат да уживаат во природата.

„Сместен во југозападниот дел на Северна Македонија, Охрид  е една од ретките дестинации на светот која служи и како културно и како природно наследство на УНЕСКО, благодарение на старите цркви во византиски стил и пространото Охридско езеро со низа автохтони балкански риби и растенија кои се наоѓаат во неговите води. Додека културното наследство на Охрид е секако фасцинантно , оние кои бараат мирно бегство во природа би требало да поминат време истражувајќи го Националниот парк Галичица, прекрасен резерват кој е полн со автохтони балкански птици, порачуваат од „Форбс“ .

Покрај останатите градови се Ниш- Србија, Добој- Босна и Херцеговина, Варна -Бугарија, Берат – Албанија.

 

 

 

reporter.mk