На 3 и 4 декември, од 11 до 14 часот, организираме Отворени денови на Општина Охрид. Во овој период сите Вие кои имате идеи, предлози и решенија кои би можеле да ни ги презентирате или доколку Ве интересира што имаме предвидено во Буџетот за 2023 година, Ве поканувам да дојдете.
Присутни покрај мене ќе бидат и Претседателот на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општина Охрид, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, Директорите на Јавните претпријатија и дел од советниците во Советот на Општина Охрид.
Бидете дел од промените што носат иднина!
-информира во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.