СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела во атарот на охридското село Љубаништа, кое е заштитено подрачје, без соодветна документација и без согласност од Националниот парк „Галичица“ изградил три објекти цврста градба и еден базен. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид донел решение за отстранување на нелегалните објекти.
извор: СВР Охрид