среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

За рекордот на Марко Пејчиновски пишува и Светската асоцијација за пливање на отворени води

Марко Пејчиновски од 12-годишна возраст поставува рекорди во водите на Охридското Езеро во родната Македонија, објавија на официјалната страна на Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA).

– Помеѓу 27-ми и 28-ми август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до Свети Наум и назад до пристаништето во Охрид за време од 21 час и 41 минута со две застанувања од вкупно 9 минути и 46 секунди, објавија од асоцијацијата.

извор: WOWSA/ОхридПрес