недела, ноември 24, 2024
Охрид

ОО СДСМ Охрид: Честит и вековит 7 ноември Денот на ослободувањето на нашиот Охрид

Почитувани сограѓани нека ни е честит и вековит 7 Ноември – Денот на ослободувањето на нашиот Охрид.
Охрид денес го слави своето 78-мо слободарско раѓање.
Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци од Охрид пред 78 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот.
На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше срцата на многу борци од партизанските одреди и ги водеше во бескомпромисната решителна борба да се истера непријателот од сопствениот град, од сопствената татковина. За жал, голем број од нив не дочекаа да го видат Охрид ослободен, се вели во објавата од СДСМ Охрид