На 5-ти ноември 2022 година, во 09:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, патничко возило марка „Опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишниот Б.К. од Кичево, излетало надвор од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, Д.К. (42) од Кичево, а Б.К. и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
МВР