понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пронајден древен христијански манастир во Арабија

Во непосредна близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати е откриен древен христијански манастир кој датира уште од пред исламот да се појави и да земе замав низ Арапскиот Полуостров.

Манастирот е втор од ваков вид пронајден во Обединетите Арапски Емирати. Научниците сметаат дека тоа е сигурен доказ за фактот дека тамошните жители првично биле Христијани.

Јаглеродните честички при датирањето покажале дека времето на основањето на манастирот е некаде помеѓу 534 и 656 н.е.

Манастирот е пронајден на островот Синија, на дел од песочната дина од имотот на шеикот Ум ал-Кувеин, и фрла нова светлина врз историјата на раното Христијанство, долж бреговите на Персискиот Залив.

Тоа е втор манастир пронајден во ОАЕ  кој датира пред повеќе од 1400 години.

Денес, Христијанството е претворено во малцинство на поголемиот Блиски Исток, иако папата Франциско ја најави својата посета на Бахреин во четврток ,со цел да го зајакне меѓуверскиот дијалог со муслиманските водачи.

Според Тимоти Пауер, вонреден професор по археологија на Универзитетот при Обединетите Арапски Емирати, кој зеде удел во истражувањето на новооткриениот манастир, Саудиска Арабија е кошница на многу нации.

„Тоа дека нешто вакво се случувало овде пред 1.000 години е навистина извонредно нешто и ова е историја која заслужува да се раскаже“, изјави тој.

Основањето на манастирот датира уште во 534 година од нашата ера.

Како што рековме, манастирот се наоѓа на островот Синија, кој го покрива мочуришниот предел Хор ал-Беида на Ум ал-Кувеин, емират на околу 50 километри североисточно од Дубаи, долж брегот на Персискиот Залив.

Островот Синија има низа песочни островчиња што излегуваат од него, налик на искривени  прсти.  На еден од нив, во правец североисточно од островот, археолозите го откриле манастирот кој датира во периодот помеѓу VI и VII век.

Основачот на исламот Мухамед бил роден околу 570 година и починал во 632 година, откако ја освоил Мека, во денешна Саудиска Арабија.

Од птичја перспектива, остатоците од манастирот на островот Синија покажуваат дека раните христијански верници ги извршувале своите молитви во еднокорабната црква во рамките на манастирот.

Според изгледот во просториите веројатно имало и купел за крштевање, како и фурна за печење на просфори за причест на Литургиите. Во наосот најверојатно имало и олтар и простор за виното за причест.

До манастирот е пронајдена и втора зграда со околу четири соби, најверојатно со дворно место околу неа – можеби дом на игумен или можеби дури и епископ од раната Црква.

Историчарите велат дека многу рани цркви и манастири се простирале долж Персискиот Залив по бреговите на денешен Оман, па сè до Индија.

Археолозите пронајдоа други вакви храмови и манастири и во Бахреин, Ирак, Иран, Кувајт и Саудиска Арабија.

Во раните 1990-ти, на островот Сер Бани, до крајбрежјето на Абу Даби, во близина на границата со Саудиска Арабија, археолозите го открија првиот христијански манастир во Обединетите Арапски Емирати. Денес таму се наоѓа природен резерват и локација на луксузни хотели. И овој манастир датира од истиот период како и новооткриениот во Ум ал-Кувејн.

Тој додаде дека развојот на областа ја поттикнал и археолошката активност што доведе до откривање на манастирот. Споменатата локација, а и останатите, ќе бидат затворени со огради и заштитени.

„Станува збор за навистина фасцинантно откритие бидејќи, на некој начин, ова е скриена историја, нешто кое не е општо познато“, заклучи тој.

 

 

Бигорски манастир