Изградбата на проектот од претходниот градоначалник Константин Георгиески, кој го реализира актуелниот градоначалник Кирил Пецаков, кој ветуваше дека ќе биде завршен до 1 јуни, Ул. ,,Македонски Просветители”, веќе цела недела е во прекин. Отстранети се и сите машини од улицата, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение на истото ЛЕВИЦА прашува, а охридската јавност заслужува да добие одговор од Локалната власт:
– Дали е точно дека пред една недела, работниците кои работеле на овој проект биле приведени од страна на СВР Охрид, поради тоа што биле странски државјани, во конкретниот случај од соседна Албанија, немале ниту легален престој, ниту работна виза и нелегално работеле за фирмата- изведувач?
Доколку е точно дека фирмата – изведувач, водена од мотивот за остварување екстра профит, ангажирала работници со нелегален престој во Република Македонија, апелираме до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, веднаш да биде раскинат тендерот со фирмата- изведувач.
ЛЕВИЦА најавува дека, отсега па натаму, секој склучен тендер ќе биде следен ,,под лупа” од наша страна, бидејќи конечно е време да се стави крај на сомнителните тендери, склучени само за остварување екстра профити на приватните компании и ,,награди” на локалните функционери и конечно е време да се стави крај на недомаќинското трошење на народните пари.
извор: Левица ЛО Охрид