АктуелноОхрид

(ФОТО) Граѓаните загрижени да не пропаднат коцките на „Македонски просветители“ поради големите камиони кои вршат дотур на роба

Во моментов се врши реконструкција на ул. „Македонски просветители“ и истата е во завршна фаза. Граѓаните задоволни од новиот изглед на улицата, но загрижени да не пропаднат камените коцки поради секојдневниот дотур на роба со камиони до маркетите кои се на оваа улица.

До редакцијата на Охрид 1 и денеска пристигнаа фотографии од загрижени граѓани кои велат дека доколку не се изнајде начин дотурот на роба да се врши со помали камиони, постои опасност за кратко време коцките да пропаднат.

извор: Охрид 1