Деновиве се навршуваат две тажни години од прераното заминување на нашиот другар Тачо, порачуваат организаторите на вториот меморијално-хуманитарен планинарски марш „Трајан Целески- Тачо“.
– Неговата борба за живот беше симбол за истрајност волја и мотив, додека нашата желба да помогнеме беше пример за солидарност и хуманост. По тој повод, во недела, на 6-ти ноември 2022 година, Ве покануваме на вториот по ред меморијално-хуманитарен марш кој ќе започне во близина на неговиот дом, односно кај спортското игралиште „Стобекс“ населба Видобишта – Манастир „Свети Никола“, Велгошти и назад. Патеката е умерена и е во должина од 10 километри во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг. Ве молиме со Вас да понесете вода, храна како и топла облека. Малолетните лица треба да се во придружба на возрасни. Сите учествуваат на сопствена одговорност, информриаат организаторите.
Додаваат дека доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на ОО „Црвен Крст“ од Охрид.
ohridpress.mk