На 31.10.2022 година членот на Советот во Општина Охрид од политичката партија Левица – Виолета Аврамоска до претседателот на Совет на Општина Охрид – Сашо Донев поднесе иницијатива за чистење на речното корито во Коселска Река, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид. Во образложението од партијата додаваат:
,,Сметам дека чистење на коритото на Коселска Река е неопходно поради што има опасност од излевање и поплавување на обработливото земјиште и домовите на околното население”.
извор: Левица ЛО Охрид