Четврт викенд со ред вработените и волонтерите од Црвен крст Охрид ја спроведуваат програмската активност за промоција на првата помош .
Оваа активност има за цел да ги информира повеќе граѓаните за основите и важноста на првата помош како вештина која евентуално може да спаси живот .
На плоштадот во Охрид секој викенд изминатиов месец случајни минувачи можеа да се запознаат повеќе теориски и практично со техниките на првата помош, додека промоцијата беше поттикната и од волонтерите кои ги возеа брендираните велосипеди на Црвен крст Охрид за оваа програма, информираат од Црвен крст Охрид.