АктуелноОхрид

Договорен состанок за организирање на Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор 2023“

Домаќин на деветиот по ред натпревар Балкан Јуниор во 2023 година ќе биде Инону-средното стручно техничко училиште на Анадолија од Истанбул од Република Турција. Од 20.10 до 22.10.2022 година во Истанбул се одржа договорниот состанок за организирање на натпреварот „Балкан Јуниор 2023“.

На овој состанок учествуваше и тимот при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид предводена од директорот  Сашо Недески, а во која беа и професорите ментори Буџакоски Ангеле и Балески Љупчо.

На почетокот од состанокот се одржа мала свеченост на која свое обраќање имаше директорот на училиштето домаќин г-нот Денис Мутлу Гулер како и дел од  претставниците на училиштата учесници на меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор” кои го истакнаа значење на овој натпревар во поглед на создавањето пријателства меѓу учесниците и размена на искуства како и задовоството што овој натпревар опстојува уште од 2012 година. На оваа свеченост со своја музичка точка се претставија и учениците од училиштето домаќин.

На договорниот состанок беше дефиниран терминот за  организирање на натпреварот и тоа во текот на втората недела на јуни 2023 година, а беше презентирана практичната задача што треба да се изработи за натпреварот и се договори и начиниот на спроведување на теоретскиот дел од натпреварот.

Во рамкте на престојот беше посетено училиштето домаќин на натпреварот при што преставниците од училиштата учесници беа запознаени со просторните и техничките можности на домаќинот за спроведувањето на истиот.

Воедно беа посетени културно историските знаменитости на  Истанбул.

 

 

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“