Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 21.10.2022 год. (петок) во периодот од 08.00 часот до 13.00 часот поради изведување на активности ќе биде затворена за сообраќај ул.„Кленоец” (во близина на касарната)
Нашите екипи ќе постапат по Решението бр.21-688 од општина Охрид од Комисијата за превземање мерки и активности за отстранување дрва на подрачјето на град Охрид и ќе бидат отстранети две јасики од оваа локација
Се молат граѓаните во горенадениот термин да ги користат околните улици, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.