Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со РСБСП, денеска во основното училиште ,,Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец, ја реализираа превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Притоа, полициските службеници низ интерактивен пристап, остварија контакт и разговори со учениците од прво одделение во училиштето, им ги пренесуваа најважните основи информации корисни за сообраќајната безбедност, ги запознаваа со основните сообраќајни правила што треба да ги знаат а кои значат нивно безбедно учество како пешаци во сообраќајот. На учениците им беа поделени боенки ,распореди и др.едукативен сообраќаен материјал.
извор: СВР Охрид