АктуелноОхрид

Научно-образовен семинар во Халки и во Романија

Теолошкото училиште во Халки заедно со Патријаршискиот Институт за патристички студии и во соработка со други институции на иницијатива на Вселенската Патријаршија организираше едукативен семинар кој започна со работа во саботата на 8-ми Октомври под наслов „Учителот: Тивок причинител на просветлението“. Семинарот се одвива во присуство на многу учители од сите образовни профили. Истовремено во соработка со Православната Црква во Романија во Караиманскиот манастир се одржа катехетски конгрес за социјално-пастирска грижа насловен како „Да Го споделиме Христос со децата“. Во обраќањето до овој собир Патријархот Даниил ја изрази својата благодарност и ги охрабри сите што се вложија во оваа веќе 15 години организирана катехетска мисија:

„Целта на катехетската дејност и на пастирската мисија со млади луѓе се движи од развивање на карактерот до духовно растење во светлината на Евангелието и на пожртвуваната љубов на Христос нашиот Господ. Затоа многу е важно да сме со младите луѓе, да ги охрабруваме, водиме и најважно, внимателно да ги сослушуваме. Ајде постојано да ги примаме со радост и љубов, како што и Бог нѐ прима преку евхаристиската жртва на Својот Син“, напомна Патријархот во своето поздравно слово.

 

Бигорски манастир