АктуелноОхрид

Сребрен медал во шах на Балканското младинско првенство за ученикот Велкоски Стојан од Охридската Гимназија

Од 30.9.2022 до 08.10.2022 се одржа Балканското младинско првенство gimnazijaohrid.edu.mk во шах во старата црногорска престолнина Цетиње. На оваа Балканијада зедоа учество 11 земји (Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија) и вкупен број од 124 учесници. Еден од македонските претставници беше и нашиот ученик од III-7, Велкоски Стојан, кој во категоријата под 18 години, која е и најискусната и најквалитетна по јачина, освои второ место – сребрен медал, со 7 од 9 поени, само пола поен зад првиот пред него. Од 11 -те македонски претставници нашиот ученик Велкоски беше со најдобар резултат.

извор: gimnazijaohrid.edu.mk