сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

1,7 милиони подмладок на пастрмка од албанска страна, пуштени во Охридско езеро

Во водите на Охридско Езеро, на албанска страна, годинава, пуштени се 1,7 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка-коран. Неколкуте акции на поробување ги реализираше албанското Министерство за земјоделство, а подмладокот е набавен од мрестилиштето во Лин, кај Подградец.

– Нелегалниот лов, дури и во период на забрана го загрозува опстанокот на рибата коран, симбол на Охридското Езеро. Соочени со оваа опасност, годинава езерото го збогативме со околу 1,7 милиони подмладок. Покрај ова ќе ги засилиме мерките за спречување на нелегалниот риболов, што влијае на исчезнување на оваа ендемична риба – рече министерката за земјоделство, Фрида Крифца, која беше присутна на последното порибување.

Се проценува, додаде таа, дека околу 1.500 лица се хранат преку традиционален риболов во ова езеро и нагласи дека сите надлежни структури се на терен за да се спречи нелегалниот риболов.

 

novamakedonija.mk