недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОХРИД ПРЕД СЕ го поздравува именувањето на Булоски за директор на „Сизот“

Од иницијативата ОХРИД ПРЕД СЕ се јавија со коментар на именувањето на Ристе Булоски за директор на „Агенција за управување со станбен и деловен простор од интерес на Република Северна Македонија“ во Охрид ( во народот попозната како „СИЗ ЗА СТАНОВАЊЕ“) и велат дека се задоволни од кадровските политики на СДСМ Охрид кои почнале во ЈЗУ „Општа Болница“ ,  продолжиле во „Агенција за управување со станбен и деловен простор од интерес на Република Северна Македонија“ , а каде ќе виниширале во иницијативата ОХРИД ПРЕД СЕ велат дека со нетрпение чекаат да видат, и кое ќе е следното кадровско решение на нивната поранешна партија.

„Го поздравуваме ова што го прават ! Нас ова ни одговара, ова само го урива секој атом на нормалноста во СДСМ Охрид и нас ни го отвора просторот да ги мобилизираме сите со здрав разум во СДСМ да дојдат со нас. Жалиме што овие процеси се на огромна штета на граѓаните, на народот и државата но, очигледно е дека се не избежни процеси кои мора да се случат за да се дозавшри процесот на само распаѓање на СДСМ Охрид. Тој процес е болен за општеството , но неминовен за да се спасиме од оваа состојба и да отвориме простор за санирање на катастрофата која ќе ја остават кадрите на СДСМ зад себе.“ – коментираат од „Охрид пред се“ од каде додаваат дека на почетокот на 2023 ќе се појават во јавноста со новото политичко движење.

ПОВРЗАНА ВЕСТ : Ристе Булоски и официјално директор на „Сиз за становање“