вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Младиот пливачки идол на Охрид Марко, оствари средба со директорот на Агенцијта за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска оствари средба со македонскиот пливач Марко Пејчиновски.🏊‍♂️
Мојсовски изрази задоволство што спортист од ваков ранг е во Агенцијата, која воедно е највисока државна институција за спорт во државата. Тој искажа подготвеност АМС да помогне во подготовките за следниот подвиг и додаде дека на Марко е да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува.🤝
📌Директорот на АМС искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко.
🏊‍♂️Марко по овој повод кажа дека оваа година имал цел да исплива 250 км со 10 препливувања. За таа цел Марко започнал со подготовки уште од 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 км.
🔛Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања, а завршил со делницата Охрид- Струга каде што од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил Струга – Свети Наум со пауза од шест минути, по што повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 км.
🤝Агенцијата за млади и спорт му посакува уште многу големи успеси во иднина.
АМС