АктуелноОхрид

Со купена сезонска карта следи гратис дрес на ГРК Охрид

До сабота набавете сезонска карта со гратис дрес од ГРК Охрид, во тек продажба на влезници за Супер купот!
Следниот викенд ГРК Охрид ја отвора сезоната пред својата публика која домашните натпревари од ракометната 2022/23, ќе може да ги следи и со сезонски карти кои ќе бидат во продажба до сабота, 10 септември, кога е закажан мечот со РК Прилеп.
Цената на сезонаската карта која ќе важи за сите првенствени натпревари во ракометната Супер лига изнесува 1200 денари.
Со купена сезонска карта следи гратис дрес на ГРК Охрид.
Во тек е и продажбата на влезници за ракометниот Супер куп во кој се среќаваат Вардар 1961 и Пелистер, а кој се игра на 11 септември во Охрид. Влезници по цена од 200 денари, можат да се купат секој ден од 18 – 20 часот на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 20:00 часот, информираат од ГРК Охрид.