АктуелноОхрид

Костовски: Добро е што Владатa ги поедностави законите за поставување фотоволтаични централи

Добро е што владата ги поедностави законите за поставување на фотоволтаични централи и тие сега се подостапни за заинтересираните
Но сеуште мислам дека тоа е недоволно затоа и немаме помасовни инвестиции ,особено од домаќинствата
Еве еден пример од САД
Тука се компензира струјата во целост односно се што се произведува преку ден се компензира и преку ноќ односно производството од цела година се компензира со потрошеното и ако се има вишок тоа се плаќа по цена која и се продава на потрошувачот
Втора мерка е субвенција од 217 долари по произведен мегават која ја дава федералната држава
ВМРО Нп преку својот пратеник ќе поднесе измена на законот со слични мерки
Додека плаќаме по 500 евра за мегават за увоз на струја можеме да плаќаме по 50 евра на домашни производители
Со вакви мерки за неколку години ќе станеме енергетски независна држава
Се дотогаш политичките партии само ќе се препукуваат а ние ќе тонеме се повеќе и повеќе
Можеме барем во ова да бидеме први во регионо, пишува во својата објава на ФБ претседателот на ОК ВМРО НП, Ванчо Костовски.