понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Чудата на Пресвета Богородица

Sharm El Sheikh

Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки, а таа му одговорила: „Со помош на твоите молитви, живеам добро, чесен оче”.
Кога чул таков горделив одговор, духовникот многу се натажил, па и рекол:„Уште еднаш така да не си одговорила, па макар да си правела се најдобро”.

Монахињата рекла: „Да знаеш, оче, дека од небото слегува ангел, со кого разговарам, па затоа ти одговорив така”. А духовникот на тоа и рекол: „Црниот и темен ангел има обичај да се преобразува во светол. Поради тоа, кога ќе дојде тој ангел да те посети, прочитај ја молитвата Богородице Дево, радувај се… и, ако е ангел, ќе остане додека ја дочиташ до крај, ако, пак, побегне, тој е ѓаволот,
кој има цел да ти напакости и да ти донесе големо зло”.

Таа ги послушала добрите совети на духовникот и кога и дошол ѓаволот во вид на ангел, таа почнала да чита: „Богородице Дево, радувај се…” и тој исчезнал како чад. Кога тоа го видела монахињата, се растреперила од страв и се разболела, така што по долго време одвај оздравела.

Секој да знае дека штом некому му дојде некое зло од ѓаволот, или од телесни или од световни искушенија, не треба да бара други лекарства, освен да се моли на Господа на нашиот Исус Христос и на Пресвета Богородица. Тие две имиња се најмоќно оружје на христијаните и секој е должен да ги има за да ги победува сите видливи и невидливи непријатели.

 

preminportal.com.mk