Клубот за спортови на вода “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” Охрид, Ви го најавува четвртиот по ред Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. “Охрид 2022” кој во организација на Клубот за спортови на вода “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” Охрид ќе се реализира на 26.08.2022 г. (петок) на Охридското езеро на водената површина помеѓу “Старото пристаниште-х.Палас” и х. Милениум. Предвиден е стартот на трката да биде во 10:30ч.
фото: Olimpiski plivacki maraton