сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипите на ЈП Нискоградба до доцна на терен поради дефекти на канализационата мрежа низ Охрид

Поради силното невреме и обилните дождови кои што го зафатија градот екипите на нискоградба до доцна по полноќ беа дополнително ангажирани на отстранување на дефекти на канализационата мрежа на повеќе локации низ градот.
Активностите продолжуваат и денес со проверка на ревизионните шахти и вадење на цврст отпад и талог. Повторно како најголем проблем за појава на дефекти се посочува неправилно депонирање на цврстиот отпад посебни влажните марамчиња и женските хигиенски производи.
Апелираме за совесно депонирање на ваквиот отпад се со цел намалување на проблемите и подобар проток на флуиди во цевководите, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.