АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Откривањето на грчки натписи го покажа домот на Св. Петар, апостол Христов

1500 години стар мозаички натпис откриен на местото каде што беше некогашната Витсаида во Израел, можеби е доказ дека тоа место е некогашниот дом на апостолот Христов, Петар и Андреј. Археолозите од Kinneret College во Израел и Nyack College од Њујорк, предводени од професорот Мордекај Авиам и професорот Стивен Нотли открија голем грчки натпис за време на ископувањето на некогашната ,,црква на апостолите“, византиска базилика во el Araj/Beit haBek. Преводот на натписот го потврдува потеклото на базиликата поистоветувајќи ја со црквата којашто во 8миот век ја опишал епископот Вилибалд од Ејхстад. Според овој Англичанец кој прв ја посетил Светата земја, на местото од домот на Св. Петар и Андреј постоела изградена црква, која ја навел во своите патoписи. Тогаш му било објаснето дека местото е Витсаида, од каде што потекнуваат Петар и Андреј и сега нивната куќа е црква.

Натписот беше преведен од професорот Leah Di Segni од Хебрејскиот универзитет. Во него се спомнува ктитор ,,Константин слуга Христов“ и продолжува со молба за посредување кон Светиот Петар ,,главниот претстојател на небесните апостоли“ – титула којашто обично ја користеле византиските христијански автори при спомнувањето на апостолот Петар. Врамен со кружен медаљон направен од две линии на црн камен, натписот претставува дел од поголем поден мозаик во ризницата на црквата којшто е делумно декориран со цветни орнаменти, наведува главната истражувачка екипа. Ова откритие е силен показател дека ап. Петар бил посебно поврзан со оваа базилика и таа веројатно му била посветена нему и бидејќи византиската христијанска традиција го лоцира домот на апостол Петар во Витсаида, а не во Капернаум, како што се мисли денес, веројатно оваа базилика е неговата некогашна куќа во Витсаида.

 

Бигорски манастир