сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Танески: Зошто не се бара одговорност за блокираните сметки на Пливачката федерација

Веста дека заради блокираната сметка на „Пливачката федерација на Македонија“ годинава нема да се одржи „Охридскиот Маратон“ предизвика оправдано разочарување кај сите и бура реакции по социјалните мрежи со кои јавноста наместо да бара одговорност од одговорните во федерацијата, бара одговорност од Претседателот.
Заради агресивниот напад со јавно објавувани изјави и ставови на социјалните мрежи од официјални лица, и начинот на кој тие изјави се пренесени од дел од медиумите, јавноста добива погрешен впечаток дека маратонот нема да се организира затоа што Претседателот не го финансира, а не затоа што тие кои ја водат федерацијата ја довеле до точка да има блокирана сметка и да нема можност и начин да се уплати износот за организирање на маратонот.
Јавноста вчера повторно беше преплавена со анализи на разни „експерти“ за се и сешто, кои преку социјалните мрежи тенденциозно и со намера одговорноста ја префрлаат кај Претседателот Стево Пендароски и притоа немаат ни еден збор анализа за тоа што правела „Пливачката федерација“, зошто има блокирана сметка, колку време е сметката блокирана и зошто до последен момент молчела во јавноста за тоа дека сметката и е блокирана.
Доколку сме одговорни граѓани коректно би било да не се делиме политички пред ова прашање, туку да го лоцираме проблемот гледајќи го реално, барајќи одговорност ( па макар и морална ) од одговорните и покажувајќи разум, бидејќи само така можеме да најдеме решение.
➡️ Се надевам и повикувам на сите кои се директно одговорни, сите кои сме на некој начин инволвирани да реагираме реално во јавноста и да продолжиме со напорите да се изнајде решение маратонот да се одржи и оваа година❗️
-пишува во својата објава на ФБ пратеникот Лазе Таневски.