По завршената работа и наместената роба за продажба во продавницата на овој голем бренд, ѓубрето е оставено пред нивната продавница. Поточно губрето е ,,уредно,, оставено точно до пешачката патека да неможат пешаците да пристапат и поминат на обележаниот пешаки премин.
Всушност, граѓаните треба буквално да прескокнуваат преку ѓубрето од Waikiki за да стапнат на тротарот.
Во неколку наврати Локалната самоуправа има пуштано инспекции и добивале опомени, но досега не се изречени казни и затоа ѓубрето го оставаат на тротоарот, да им го собери некој друг.