сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Базенот “Атина Бојаџи” три дена ќе биде затворен за користење поради Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека денес, утре и задутре, 15/16/17 јули, базенот “Атина Бојаџи” ќе биде затворен за користење. Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид. ЈП “Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен претстојниот викенд и заедно со нас да уживаат во убавините на пливањето.
На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството ќе се одржат претпладне и попладне на 16 и 17 јули.

извор: ЈП Билјанини извори