АктуелноОхрид

Ачкоска: Дански новинар го следеше денешниот протест во Охрид, ни кажа дека ја сфаќа нашата борба и сака да ја напише македонската вистина

Драги македонски патриоти. Зошто инсистирам да излезат од кафеани и партиски штабови малку повеќе Македонци. На сликата со Виолета Аврамоска е дански новинар кој го сликаше денешниот протест во Охрид. Ни кажа дека ја сфаќа нашата борба, дека ја подржува и дека сака во Данска да ја напише македонската вистина. Според него во Данска знаат само за ” францускиот компромис” кој им изгледал во ред. Но, овој млад човек сфаќа дека се работи за духовен геноцид врз Македонците.
Утре во 19 часот се гледаме пак, напиша на својот ФБ профил македонски историчар и универзитетски професор Виолета Ачкоска.

извор: ФБ Виолета Ачкоска

фото: ФБ Виолета Ачкоска