вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

17 годишно лице од Охрид на плоштадот „Крушевска Република“ физички нападнал друг малолетник

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе известување против 17 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, на 13.05.2022 година на плоштад „Крушевска Република“ во Охрид физички нападнал малолетник нанесувајќи му тешки телесни повреди.

извор: СВР Охрид

фото: Архива