АктуелноОхрид

Кривични пријави за двајца Охриѓани, поради „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 05.05.2022 година, на приватен имот кај „Св.Еразмо“ физички го нападнал лице од Охрид а потоа со остар предмет му упатил закани.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од Охрид. Тој, на 07.06.2022 година со тврд предмет упатил закани по животот на друг Охриѓанец.

извор: СВР Охрид

фото: Архива