петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Нема повеќе тезги кај Чинарот – просторот за прв пат слободна зона за шетање

Од денеска просторот кај Чинарот е слободна зона. Отстранети се сите тезги. Нема повеќе продажба на сувенири, шеќерна волна… Граѓаните слободно ќе можат да шетаат на плоштадот „Крушевска Република“.

Инаку неодамна на овој потег  се спроведоја археолошките истражувања на плоштадот „Крушевска република“.  Археолозите го истражуваа просторот кај Чинарот, кој ќе се реконструира и според најавите на Локалната самоуправа ќе добие нов и модерен изглед.

фото: Охрид 1

извор: Охрид 1