вторник, ноември 26, 2024
Охрид

Охридската библиотека домаќин на Републичкиот натпревар „Млади билиотекари“

Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) утре во 12 часот во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Според пријавите за  престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар.

Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска.

Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Нашата библиотека е домаќин на натпреварот заедно со БЗМ а помогната од вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и сендвичарницата Пинокио.

 

 

Библиотека Охрид