Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден во хотел Тино-Охрид , одржа дводневна работилница за Предлог програма за заштита на потрошувачи, со вклучена одржлива потрошувачка и родова перспектива.
На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Охрид, претставници од Советот за заштита на потрошувачите на општина Охрид, јавни претпријатија на ниво на општината, инспекциски органи, бизнис секторот, претставници на Советот на потрошувачи на Владата на РСМ и други релевантни институции.
За време на работилницата преку практични вежби беа активираат сите заинтересирани страни на ниво на Општина Охрид, во изготвување на локална Програма за заштита на потрошувачите што би послужила како модел програма за 2022 година и модел програма за 2023 година, со вклучување на одржлива потрошувачка и родовата перспектива. На работилницата како добра пракса, беше споделено искуството на Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија во спроведување на програмата за заштита на потрошувачите на Владата на РСМ. Покрај тоа на работилницата беше претставена потребата во програмите да биде воведена енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка, како дел од Зелената агенда на ЕУ.