среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхридПоследни Вести

Повторно поскапување на струјата – енергетските компании прават пресметки

Се крои нова цена на електричната енергија. Колку ќе биде зголемувањето енергетските компании се уште калкулираат.

Првиот човек на Регулаторната комисија Бислимовски за Утрински брифинг вели дека операторите имаат рок до крајот на месецов да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука.

Бислимовски соопшти дека во моментов цената на светските берзи се движи околу 230 евра за мегават час, но и се очекува цела оваа година таа да биде висока. За заштита од поголеми ценовни шокови вели дека решението е во зголемено домашно производство, но и во штедење. Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.

Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.

извор: Телма