вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Во изминатите три дена во Охрид нови осум позитивни лица и едно починато лице

Во последните три дена од 6 до 9 мај, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции. Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица.

Од вкупниот број новозаболени, двоцифрена е бројката само во Скопје – 79 и во Битола – 29. Во Прилеп регистрирани се девет случаи, во Охрид осум, во Куманово, Кавадарци и Велес има по пет нови случаи, Кичево – 4, Тетово и Ресен – по 3, Штип и Гевгелија – по 2, Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово – по 1.

Починатото лице е од Охрид на 82 годишна возраст, а двете дополнително регистрирани починати лица се од Скопје на возраст од 58 и 83 години. Едниот е починат во домашни, а другиот во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27 до 29 април.

Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, а на починати 9.287. Бројот на активни случаи во моментот е 578.