АктуелноОхрид

Бигорски Манастир: Со признавањето на Охридската Архиепископија се отстранува повеќедецениската шизма која беше наложена

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот г. Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа, стои во објавата од Бигорски Манастир.