АктуелноОхрид

Потпишан меморандум за одржување на чист и зелен Охрид

Во текот на денешниот ден Општина Охрид, Јавното претпријатие Охридски Комуналец – Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица, заедно со сите заинтересирани организации, здруженија, клубови и друштва изразија подготовка да отпочнат соработка на полето на заштита на природата и животната средина и оддржување на чист и зелен Охрид, со потпишување на Меморандум.
✍Соработката помеѓу договорните страни ќе се однесува на заеднички активности и едукација за подигнување на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина, одржување на јавната чистота и справување со депониите на територија на Општина Охрид, вклучително и на дел од територијата на Националниот парк Галичица.
👉 Активно ќе работиме на промоција на заштитата на животната средина, одржување на јавната чистота и поттикнување и подигнување на свеста за заштита на природата, животната средина и активностите во природа, информираат од ЈП Охридски Комуналец.