АктуелноОхрид

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2022 г. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

– да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа

Повикот трае од 05 мај до 15 јуни 2022, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на електронската пријава на линкот.