понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхридПоследни Вести

Охриѓанец во канџите на градежна мафија – Никогаш не давај пари на незавршена работа!

На 18 февруари годинава, на адресата на Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), пристигнал допис од лице од Охрид, кое одлучило да пријави, како што вели, „коруптивно делување на лица вработени во Основното јавно обвинителството во Охрид“. Пријавувачот, кој поради страв од последици засега сака да остане анонимен, тврди дека „поединци вработени во Обвинителството не само што ја злоупотребиле јавнообвинителската функција, туку се и соучесници во извршувањето на кривично дело, со што ги злоупотребиле своите службена положба и овластување“, објави plusinfo.mk.

Голготата на Охриѓанецот почнува на 8 јануари 2015 година. Тој ден тој, во својство на инвеститор, ќе склучи договор за изградба на станбена куќа со деловен објект (УЗП бр. 235/15, заведен кај Нотар Станка Горичан од Охрид). Како изведувач на работите се јавува градежна фирма од Струга. Во својот допис до ДКСК пријавувачот ги наведува имињата на фирмата и на нејзиниот управител, но со оглед на фактот што самиот тој сака да остане анонимен, Редакцијата на Плусинфо одлучи во анонимност засега да ги чува имињата на сите засегнати. Така е фер, а ДКСК ионака ги знае сите имиња и генералии на засегнатите, а поседува и обемна документација во врска со овој случај.

Инвеститорот и изведувачот на работите се договориле исплатата за објектот да биде етапна, во фази. Но, иако било договорено Охриѓанецот целиот износ да го плати по примопредавањето на објектот, управителот на струшката фирма го убедил дека му пристигнала машина за која требало да плати царина и дека итно му требале пари. Така, инвеститорот предвреме го исплатил целиот износ, иако работите на објектот не биле целосно завршени. Охриѓанецот го прекршил златното правило кое вели – никогаш не давај пари пред време, на незавршена работа.

Откако ќе ги добие парите, Стружанецот ја прекинува работата. Скоро цела една година инвеститорот попусто се обидувал да го натера изведувачот да го доврши објектот. Му испратил и две писмени опомени, во кои се заканил дека ќе биде принуден по судски пат да побара исполнување на договорот. Следниот чекор на Охриѓанецот бил да обезбеди доказ и пресметка на незавршените работи. Судот излегол на самото место, извршил увид на објектот во присуство на вешто лице, градежен инженер, кого го задолжил да подготви стручен наод и мислење за градежната состојба во која се наоѓа објектот. Откако го обезбедил тој доказ (ВПП2-299/15), Инвеститорот, за да не трпи загуби (бидејќи за изградбата на објектот имал земено кредит од банка, за кој плаќал камати) го довршил објектот со други мајстори, со сопствени средства, а против струшката градежна фирма и против нејзиниот сопственик на 3 февруари 2016 година поднел тужба.

За потребите на судската постапка, Основниот суд од Охрид побарал да се подготви супервештачење, од страна на Бирото за судски вештачења во Скопје. На 6 октомври 2017 година, на самото место пристигнале вештаци од Скопје, но бидејќи објектот бил целосно завршен, а деловниот простор издаден под кирија, вештаците немале што да вештачат на теренот. Во таа прилика, тужениот управител на струшката фирма на вештаците им дал градежен дневник, кој до тогаш не бил во списите од предметот.

Градежен дневник пополнет спротивно на Законот за градење

Текстот во целост на:plusinfo.mk.