На ден 19.06.2025 со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници одНа ден 19.06.2025 со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.
Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.