АктуелноОхрид

Од вечерва и цел ден утре Струга ќе биде без вода

Од вечерва од 22:00 часот жителите на цела територија на општина Струга ќе бидат без вода.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Струга информираат дека прекинот е поради изведување работи во водоводната мрежа, за дислокација на доводен цевковод за водоснабдување.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до утре, 13-ти април, до 20:00 часот.