понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Тројца европски вице шампиони на Европско Таеквондо ИТФ првенство

Во Пореч, Хрватска од 25 март -02 април 2022 се одржа Европско Таеквондо ИТФ првенство, каде учество зеде и нашата држава под водство на Марјанчо Лазаревски ,поранешен светски вицешампион,носител на црн појас V дан, претседател на Таеквондо ИТФ на Македонија.                                        На ова Европско првенство учествувааа над  850 натпреварувачи од 24  земји.                                                              На ова Европско првенство,поради исклучувањето на Русија и Белорусија, им беше дозволено на репрезентациите да можат да донесат  по двајца натпреварувачи во категорија,со што патот до медал доби на поголема тежина.

Боите на Македонија  ги бранеа пет натпреварувачи кои го направија најголемиот успех во индивидуалните спортови во историјата на Македонскиот спорт , испишаа нова историја , ново поглавје,поставувајќи нови критериуми, со што докажаа дека не е битно само да се учествува , да се биде аутсајдер, туку се оди се срце и душа да се победи по секоја цена, да се претстави нашата држава во најубаво светло, да се развее нашето знаме на пиедесталот рамо до рамо со најјаките репрезентации. На ова Европско првенство знамето на Македонија се вееше три пати , што досега не е случено во ниту еден спорт да биде три пати развиорено знамето само од петмина натпреварувачи.

Ниту еден наш натпреварувач не беше елиминиран во прв круг, иако долго време поради пандемијата немавме натпревари, бевме скептични, отидовме со скриен страв од пораз во прв круг на сите натпреварувачи, но верувавме во нашите избраници, познавајќи го нивниот историјат и спортски дух, во нас имаше искра надеж дека можеме повеќе.

Мразот го скрши најмладата наша натпреварувачка 12 годишната  Христијана Парулеска, натпреваруше во категорија кадети-девојчиња 12-13 години , спаринг(борби) -45 кг. На патот до пиедесталот прво беше победена доминантно претставничката на Шпанија, а во полуфиналето истотака доминираше над претставничката од Италија, додека во финале загуби тесно од претсавничката на Украина, со што се закити со сребен медал , а со тоа стана намладото девојче во Македонија што има освоено медал од Европско првенство.

После неа настапи еден од нашите најтрофејни натпреварувачи Давид Крстески , кој беше првото дете од Македонија што има освоено медал од Европско првенство  Римини, Италија 2019 година . Давид Крстески на ова Европско првенство влезе во повозрасна категорија  јуниори 14-15 години, спаринг (борби) -55 кг. Давид Крстески во стилот на најголемите мајстори имаше четири победи до финале, атрактивно победувајќи го првата борба претставникот на Англија, после него истотака маестрално беше совладан претставникот на Чешка, додека третата борба беше совладан атрактивно претствникот на Грција. Во полуфинале повтроно се најде со вторито претставник на Чешка кој истотака беше лчесно совладан, но нашиот натпреварувач се здоби со повреда, која за жал во му одмогна во финалето против вториот претставник на Грција , кој победи со многу мала разлика, со што нашиот претставник се закити со сребрен медал. Давид Крстески  постави нов рекорд во Македонија , второ Европско првенство , втор Европски медал за нашиот Давид.

Елена Јанеска беше третиот наш натпреварувач, која е една од нашите најтрофејни натпреварувачи, натпреваруваше во јуниорки 14-15 години, спаринг (борби) -65 кг. Како и претходните натпреварувачи така и Елена почна да не радува со победи. Во првата борба  ја порази на претставничката на БиХ, а одма после 2 минути пауза продолжи втората борба против претставничката на Хрватска, која влезе свежа одморена, но за нашата Елена не беше тоа проблем, издржа даде се од себе и ја победи домаќинката, додека во полуфинале влезе со претставничката на Грција, која лесно беше совладана. Во финале Елена Јанеска се најде со втората претставничка од Грција, го даде својот максимум но за жал ја победија судиите и се закити со сребрен медал. Елена Јанеска со својот успех се приклучи на рекордот на 3 освоени вицешамшионски места на едно Европско првенство за нашата држава.

Давид Велковски кој влезе во сениори во категорија спаринг(борби) -71 кг, во групи имаше три борби, при што првата борба победи против претставникот на Бугарија кој е долгогодишен репрезентативец и искусен борец, додека втората беше видно оштетен од страна на судиите и загуби против претставникот на Грција, Третата борба ја загуби од претствникот на Чешка во последните секунди од борбата.

Божидар Димитриевиќ кој пред само 2-3 месеци влезе во сениори во категорија спаринг(борби) -85 кг,  во групи имаше три борби, при што првата борба победи против претставникот на БиХ, додека во втората беше повреден и загуби од претставникот на Грција, а третата во неизвесна борба загуби од претставникот на Хрватска .

Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски се прилучија на рекордот, така што сите натпреварувачи на Македонија на едно Европско првенство не загубија  ниту еден во првиот круг.

Ова се Историски рекорди , кои во иднина тешко дека ќе можеме некогаш да ги направиме дали ние или некој друг индивидуален спорт во Македонија, со ова се поставија нови критериуми за учество на врни натпреварувања а воедно докажаа дека иако малкубројни, може да се постигне успех со што Македонија беше рангирана на високо 16 место во Европа.

За овие историски успеси на Македонскиот спорт, и за Таеквондо ИТФ на Македонија е најзаслужен генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој и овај пат ни овозможи да учествуваме на ова врвно натпреваруање и да ги постигнеме овие врвни резултати, вели Лазаревски Марјанчо кој користи прилика да се изрази најголема благодарност до “ПН МЕТАЛ”,нивниот генералниот спонзор.