Димитар Трифуноски од Струга е четврта година на Медицинскиот факултет во Љубљана и е добитник на Плечниковата награда. Достигнал врвни резултати по предметите анатомија, хистологија, ембриологија и патологија. Работи како демонстртор на Институтот за микробиологија и имунологија. За тоа како успеал да постигне одлични резултати со кои ја стекнал титулата врвен студент и ја добил Плечниковата награда во интервју за Факултети.мк, Димитар вели:
-Станува збор заиндивиуална награда која Медицинскиот факултет во Љубљана ја доделува на студент во четврта година , кој во претходните три години или ,,претклиничкиот,, дел на факултетот , достигнал врвни резултати по предметите, анатомија, хистологија, ембриологија и патологија. Секоја година бројката на студенти е различна. Оваа година во цела генерација од околу 200 студенти, наградата ја добив јас и уште 12 колеги. Во однос на тоа, еден професор на факултетот ми честита и ми кажа дека можеби сум единствениот странец што ја добил оваа награда. Плечниковата награда е за исклучителни резултати при горе споменатите предмети. Јнез Плечник е познат словенечки анатом и патолог, завршил медицина во Виена, каде шро учевствувал и во истражувањето на крвните групи. Основоположник е на Институтот за патологија во Љубљана како и брат на познатиот словенечки архитект Јоже Плечник.
Интервјуто во целост на Факултети.мк